Планета Јупитер
Јупитер е најчесто четвртиот најсветол објект на небото (после Сонцето, Месечината и Венера); со тоа што понекогаш Марс може да биде посветол.
Јупитер е 2.5 пати помасивен од сите други планети заедно, до толку што неговиот центар на маса со Сонцето всушност лежи над сончевата површина (1.068 соладни радии од центарот на сонцето). Тој е 318 пати помасивен од Земјата, со дијаметар 11 пати поголем од земјиниот, и со волумен 1300 пати поголем од земјиниот. Природно, Јупитеровото гравитационо влијание доминирало во еволуцијата на сончевиот систем: мнозинството од планетарните орбити лежат поблизу до Јупитеровата орбитална рамнина отколку до сончевата екваторијална рамнина, мнозинството кратко-временски комети припаѓаат на Јупитеровата фамилија (резултат од Јупитеровата маса и релативната брзина), Кирквудовите дупки во астероидниот појас во најголема мера се предизвикани од Јупитер, дури и се смета дека е можно да е одговорен за касното тешко бомбардирање на внатрешноста на сончевиот систем. Некои го опишуваат сончевиот систем како Сонцето, Јупитер и останатите парчиња. Некои го опишуваат Јупитер како правосмукалка на сончевиот систем поради огромната гравитациона сила.
Колку и да е импресивна јупитеровата маса, забележани се дури и помасивни планети вон сончевиот систем. Не постои јасно разграничување помеѓу огромните масивни планети како Јупитер, и кафените џуџе - ѕвезди, и покрај тоа што вторите имаат доста специфични спектрални линии. Во поново време, ако супермасивен објект е над 12 јупитерови маси, односно доволно масивен за да може да согорува деутриум, тогаш тој се смета за кафена џуџе ѕвезда; под таа маса - планета. Јупитер има максимален можен дијаметар за планета со таков состав; додатна маса би резултирала со понатамошна гравитациона компресија, што теоретски води кон отпочнување нуклеарна фисија и создавање нова ѕвезда. Ваквото размислување било повод некои астрономи да го наречат Јупитер "пропадната ѕвезда", иако Јупитер треба да биде дури седумдесет пати помасивен да би можел да стане ѕвезда.
Јупитер, истотака ротира најбрзо од сите планети во сончевиот систем. Комплетна ротација околу сопствената оска прави за нешто помалку од 10 часови. Како резултат има екваториална дефомација што лесно може да се види дури и низ аматерски телескоп од Земјата. Јупитер е перцептивно покриен со слој облаци, составени од кристали на амониак и можеби амониум-хидросулфиди, и возможно е воопшто да нема никаква цврста површина. Неговото најпознато обележје е Големата Црвена Дамка, олуја поголема од Земјата што за прв пат била набљудувана од Галилео пред четири века. Изненадувачки, математичките модели укажуваат на тоа дека оваа олуја е стабилна и можеби трајна карактеристика на планетата. Во 2000-та, три помали дамки се споија и формираа една поголема , наречена "Oval BA", која подоцна доби црвена боја многу слична на Големата Црвена Дамка.Јупитер околу својата оска се завртува за 10 часа а околу Сонцето за 11,86 години.Најпознати сателити на Јупитер се:IO,EUROPA и други.